Официјално: Тотенхем го позајми Јаго од Јувентус

Тимот на Тотенхем стигна до ангажман на Јаго Фалке од Јувентус, кој ќе настапува на Вајт Харт Лејн како позајмен фудбалер до крајот на сезоната.
Репрезентативецот на Шпанија до 21 година, Јаго Фалке од вчера е нов член на Тотенхем, каде ќе настапува како позајмен фудбалер.
’’Ние сме среќни да го објавиме ангажманот на Јаго Фалке на позајмица до крајот на сезоната од Јувентус.’’ – гласеше во соопштението на Тотенхем, кој вчера го потврдија и ангажманот на Адебајор.
Јаго кој во 2008 година премина од Барселона во Јувентус, минатата сезона настапува за вториот тим на Виљареал каде постигна 11 погодоци.